Нов женски клуб во Прилеп – се роди ЖРК Маркови Кули

Прилеп добива нов женски ракометен клуб – „Маркови Кули 2026 Прилеп“, со што градот под добива уште еден спортски субјект кој треба да работи на развој на женскиот ракомет. Во моментов во градот егзистира ЖРК Деспина, но без некој посериозен успех иако зад нив стои позната компанија Витаминка. Вложувањата што ги дава компанијата не се доволни за некој сериозен успех, туку само за преживување.

Како основачи на клубот се наведени Пецо Трајкоски, Сашко Јорданоски, Ана Трајкоски, Борче Јованоски и Ива Тренческа. За овластено лице и претседател е назначен Пецо Трајкоски. Тој е поранешен ракометар, но многу рано се откажа од играњето, па сега преку клубот повторно се враќа во спортот што го сака.

Формирањето на нов женски ракометен клуб во Прилеп доаѓа во период кога женскиот ракомет во Македонија добива сè поголемо внимание, особено по настапите на домашните клубови во европските натпреварувања и по активностите во младинските категории.

Останува да се види какви ќе бидат првите чекори на ЖРК Маркови Кули – дали клубот ќе стартува со младински категории, дали ќе формира сениорски тим и кога ќе се приклучи во натпреварувачкиот систем. Но, самиот факт дека Прилеп добива нов женски ракометен субјект е позитивна вест за градот и за македонскиот женски ракомет.

Во минатото Прилеп беше познат ракометен центар, но потоа спласнаа амбициите, и двата клуба кои беа познати како Тутунски Комбинат, па ТК Бренд, и други имиња… Сега машкиот клуб Прилеп повторно се враќа на сцената и сака да се вмеша во борбата за висок пласман. Кај жените, амбициите, но и вложувањата се многу мали.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________