По одигрувањето на сите реванш дуели од осминафиналето во Европскиот Куп, немаше промена на лидерската позиција на листата на стрелци.
Ракометарката на Ѓорче Петров, Ана Марија Коларовска, која на реванш дуелот против Хазена Кинжварт постигна пет погодоци, останува предводник на стрелците во третото по ранг европско натпреварување.
Коларовска со постигнатите пет погодоци ја задржа лидерската позиција, сега зад своето име има 46 погодоци, кои беа постигнати на шест одиграни натпревари.
На второто место се наоѓа Ана Абина од Ајдовчина со гол помалку, односно 45, додека третата позиција со 42 погодоци ја држи некогашната ракометарка на Кометал ЃП, Јелиз Озел.
Емилијана Ризоска е петта со 40 погодоци, а левиот бек Ангела Јанкуловска е на 9 место со 36 погодоци.
Ѓорче Петров за ривал во четвртфиналето од Европскиот Куп го доби шпанскиот Елче.