Денеска во романскиот град Клуж се одржа ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Како што е познато, репрезентацијата на Македонија за ривали во квалификациите ги има Германија, Словенија и Белгија. Речиси сите репрезентации од екс-ју просторите имаат ривали по мерка и лесен пат за пласман на ЕП.
Србија, која осетно се засили откако во репрезентативниот дрес се вратија Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и други играчи, е во група заедно со Шведска, Украина и Литванија.
Црногорките ќе играат против Исланд, Португалија и Фарски Острови, додека Хрватска за ривали ги има Косово, Финска и Франција.
Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.
Место на континенталниот собир обезбедуваат прво и второпласираните од групите, како и најдобрите четири од шесте третопласирани, па македонските дами не би требало да имаат проблеми да обезбедат ново големо натпреварување преку квалификации.
Европското првенство 2026 првпат во историјата ќе се одржи во пет земји – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Македонија ги дозна ривалите – еве кои селекции стојат на патот до ЕП 2026
Дамите отвораат со Германија на гости, за крај гостување во Словенија