Македонија загуби од Полска со 22-18 во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство 2025 година.
Десниот бек Моника Кобилинска е разочарана од крајниот резултат, односно од предноста со која ќе допатуваат во Битола.
„По ваков меч, четири гола предност е малку, бидејќи во еден момент беше десет. Крајот на мечот беше многу слаб од наша страна. Нашата одбрана не беше ниво, а потоа затаи и нападот. Не треба да си дозволуваме да правиме такви грешки и не смеевме да испуштиме таква предност, но имаме четири гола предност и одиме да победиме во Македонија“, изјави Кобилинска.
Реванш средбата меѓу Македонија и Полска се игра во Битола на 12 март со почеток во 19:00 часот.