Клуб со милионски буџет може службено да ги загуби сите одиграни натпревари сезонава!

Еден од најамбициозните романски клубови, Глорија Бузау, би можел да се најде во незавидна ситуација да ги загуби службено сите 11 натпревари што ги одигра досега сезонава.

Според „Про Спорт“, причина за ова е тоа што тренерот на голмани, Габриел Бороди, седел на клупата на досегашните натпревари, а неговиот договор со клубот не бил пријавен во романската федерација.

Според пропозициите за натпреварување, Глорија Бузау може да ги загуби сите 11 натпревари со 10-0 службен резултат и по -1 бод за секој натпревар, како и парична казна по 1.000 евра за секој натпревар на кој е нарушено правилото.

Глорија Бузау во моментов е на седмото место во романскиот шампионат со 16 бодови, па ако федерацијата го казни, ќе има само 5 и ќе се симне на претпоследното место.

Во овој романски клуб што има буџет од 2.400.000 евра буџет игра поранешната вардарка Марија Петровиќ, а таму се Хрватките Теа Пијевиќ и Валентина Блажевиќ, Црногорката Љубица Ненезиќ, Унгарките Николет Пап и Тамара Пал…