Репрезентативецот на Германија, Јулијан Кестер, следното лето ќе го промени клупскиот дрес и од Гумерзбах ќе се пресели во редовите на Кил.
25-годишниот лев бек и раководството на „зебрите“ се договорија на соработка од четири сезони, па така Кестер во некогашниот европски првак ќе настапува најмалку до сезона 2029/30.
Кестер во Гумерзбах игра од 2020 година, а претходно беше дел од Баер Дормаген, но во Гумерзбах прерасна во еден од најдобрите играчи во Бундес лигата.
Левиот бек за сениорската репрезентација на Германија настапува од 2021 година и најголемиот успех со „панцирите“ го постигна на ОИ во Париз (2024) освојувајќи го сребрениот медал.