Келце го врза Морито до 2027 година

Полскиот шампион Келце објави дека е потпишан долгорочен договор со еден од најдобрите ракометари во тимот.

Десното крило Аркадиуш Морито се обврза дека ќе ги брани боите на Келце и во наредните три сезони, односно до 2027 година.

Полскиот репрезентативец им се придружи на другите ѕвезди од тимот како Гебала, Вулф, браќата Душебаеви, Карачиќ…кои имаат веќе потпишано нови соработки.

Десното крило веќе неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци на полскиот тим и ужива голема доверба кај Талант Душебаев.