Ќе се знае во вторник и среда: Струга или Еурофарм Пелистер 2, Пролет или Голден Арт во плеј-оф?

Пред одигрувањето на последното коло од Супер лигата, остануваат само уште две дилеми кои ќе бидат разрешени на почетокот на следната недела.

Двата меча од групата А, на кои ќе биде решено кој ќе биде последниот патник во суперлигашкиот плеј-оф ќе бидат одиграни во вторник.

Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Куманово и само победа го остава во игра за место во разигрување за титулата, но ќе мора да чека и победа на Аеродром во Струга.

Стружани сами решаваат за себе. На домашен терен играат против Аеродром кој ги загуби шансите и со реми или победа се сигурни во ТОП 8.

Двата меча ќе се играат во исто време, во вторник на 12 декември со почеток во 20:00 часот во „Перо Наков“, односно „Нико Нестор“.

Од оваа група во плеј-офот патуваат вицепрвакот, Тиквеш и Охрид, додека последниот патник ќе биде познат во вторник.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122

Од групата Б, во плеј-оф се сигурни Вардар, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, додека Пролет и Голден Арт ќе се борат за последното место.

Пролет на домашен терен игра со Бутел Скопје, кој е безбеден на третото место, додека Голден Арт гостува кај Вардар, кој не смее да си дозволи кикс.

За Пролет е доволен и бод за да биде сигурен во ТОП 8, додека Голден Арт мора да го совлада Вардар и да чека победа на Бутел Скопје кај Пролет.

Двете средби во СЦ „Јане Сандански“ и во салата „Македонско Сонце“ ќе се играат на 13 декември со почеток во 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126