Тимот на Кастриоти, кој е предводен од македонскиот стратег Владимир Глигоров, оствари уште една убедлива победа во шампионатот на Косово.
Составот на Глигоров славеше против незгодниот тим на Приштина со 11 гола разлика, 49:38.
Кастриоти пред стартот на плеј-оф фазата е позициониран на третото место на табелата, сега има 30 бодови.
Доколку тимот на Глигоров продолжи со одличната форма, тогаш лесно ќе може да избори пласман на европска сцена.