Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот двоец Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани натпреварот меѓу романскиот Рапид Букурешт и данскиот Есбјерг.
Овој натпревар е од огромно значење за двете екипи, иако пред неговиот старт ќе биде јасно на која од двете екипи што ќе и треба за место во осминафиналето, односно четвртфиналето.
Рапид Букурешт е седми на табелата и само со победа над Есберг, но и пораз на Ференцварош ќе може да се надева на место во елиминациите.
Есбјерг е втор на табелата и само со победа ќе биде сигурен четвртфиналисто, односно ќе ја скокне елиминациската фаза, иако тоа може да го направи и со пораз, но тогаш ќе чека услуги од другите екипи.
Овој натпревар што ќе мине со македонска арбитража ќе се игра на 18 февруари од 16:00 часот.