Кадетите стартуваат со подготовки за квалификациите – целта е билет за ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија од денеска ги започнува подготовките за настап на квалификацискиот турнир кој носи виза за ЕП.

Селекторот Наум Танески повика 20 ракометарки за овој дел од подготовките, а на списокот има уште шест резерви, кои би можеле да добијат повик во секој момент.

Тренинзите започнуваат денеска, ќе се тренира до сабота, пред кадетите да добијат добијат еден слободен и веќе на 1 јануари се враќаат на тренинзи.

Натпреварите од квалификацискиот турнир за ЕП ќе се играат од 5 до 7 јануари, а ривали на Македонија ќе бидат Швајцарија, Словачка и Косово.

Првото и второто место во групата носат билет за ЕП, на кое ќе играат 24 селекции и ќе се одржи во Црна Гора од 7 до 18 август.