Јована Кипријановска го продолжи договорот – уште една сезона во Самбр Авенуа

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска и во наредната сезона ќе биде дел од францускиот тим Ле Самбр Авенуа.

Кипријановска ја одработува втората сезона од договорот со францускиот клуб, кој реши да и понуди продолжување на соработката.

Македонскиот десен бек имаше одлични партии оваа сезона, па тоа беше доволно причина да остане во клубот што се бори за место во француската елита.

Ле Самбр Авенуа e лидер на табелата во Втората лига со 53 бода, додека второпласираниот Стад Песаке има 47 бода.

Покрај клупските настапи, Кипријановска ја очекува и настапот на Европското првенство со Македонија кон крајот на годинава.