Тимот на Јехона организираше пријателски турнир за пионерки, на кој покрај домаќинот учествуваа и екипите на Пелистер, Деспина и тимот на Феризај од Косово.
Трофејот им припадна на битолчанки, кои во финалето славеа над домаќинот со 27:26, а во битката за третото место косовскиот Феризај беше подобар од Деспина со 22:21.
Во првото полуфинале, домаќинот Јехона ја елиминираше Деспина, додека во второто полуфинале Пелистер го надигра Феризај.
По завршувањето на турнирот беа доделени и индивидуалните признанија, па така за МВП беше избрана Анастасија Тодоровска од Пелистер, а за нај стрелец наградата заврши во рацете на Мила Николовска од Јехона.
Прилепчанката Деспина Пајкаровска го доби признанието за најдобар голман на годинешниот турнир.