Јанкуловски: Верувам во победа против Аеродром и пласман во плеј-офот!

Ракометарите на Струга во последното коло од регуларниот дел од суперлигашката конкуренција за ривал го имаа незгодниот тим на Аеродром.

Стружани за да се пласираат во плеј-оф фазата ќе треба на овој дуел да победат или пак да остварат нерешен резултат, бидејќи нивниот главен ривал за 4. позиција, тимот на Еурофарм Пелистер 2 заостанува на само три бода.

Еден од поискусните во составот на Струга, десното крило Тодор Јанкуловски, ги истакна своите очекувања за денешнот дуел и најави голема борба за освојување на посакуваните бодови.

„Натпреварот со Аеродром за нас ќе биде најважниот за оваа сезона. Максимално сме подготвени за овој натпревар и мислам дека само нијанси ќе решат каков ќе биде исходот. И покрај победата на првата пресметка со Аеродром, сепак, мислам дека не се екипа за потценување, имаат квалитетни играчи и сигурно нема да излезат со бело знаме. Ние сме фокусирани на нашата цел, а тоа е победа и обезбедување место меѓу најдобрите осум екипи”, изјави Јанкуловски.

Искусниот ракометар се надева на голема поддршка во најважниот дуел сезонава.

„Со помош на навивачката група „Паткари“ кои секогаш се нашиот осми играч, како и со максималното залагање на играчите, верувам во победа на овој натпревар. Ги повикувам сите љубители на ракометот во Струга да дојдат и да ни дадат голема поддршка за овој важен дуел. Ние ќе дадеме сѐ од себе за да ја оствариме целта за оваа сезона и да играме во плеј-офот”, заврши Јанкуловски.

Натпреварот меѓу Струга и Аеродром ќе се одигра денес со почеток од 20:00 часот во спортската сала при СОУ „Нико Нестор“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД880024
2ОХРИД870121
3ВАРДАР 1961870121
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР970221
5БУТЕЛ850315
6ТИКВЕШ 2014831410
7ПРОЛЕТ82248
8ПРИЛЕП82157