Десното крило на Струга, Тодор Јанкуловски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7.коло од Супер лигата.
Искусниот ракометар беше меѓу најдобрите поединци во победата на Струга против дебитантот Аеродром од 31:25.
Јанкуловски истакнува дека ваквите награди се голем мотив за понатамошниот дел од неговата кариера и се надева дека со својот тим ќе обезбеди пласман во плеј-оф фазата, во која посакува Струга да оствари солиден пласман.
,,Прво сакам да изразам благодарност до македонската публика што ме изгласа за МВП за 7.коло. Наградата секако ми дава голем мотив и поттик да продолжам да напредувам и да му помогнам на тимот заедно да стигнеме до посакуваната цел. На добар пат сме да го обезбедиме посакуваниот плеј-оф, но има уште многу да се игра, ние остануваме максимално фокусирани во следните натпревари за да ја оствариме целта. Сметам дека овој тим ке биде незгоден противник за секоја екипа во плеј-офот, особено на домашен терен, каде ја имаме и навивачката група Паткари како наш осми играч. Како еден од поискусните играче се трудам колку што можам да им помогнам на помладите колеги да напредуваат во кариерата и во своите настапи во Супер лигата”, изјави Јанкуловски.
Струга се наоѓа на чекор до пласман во плеј-оф фазата, но во следните дуели ќе треба максимално да одработи за да дојде до посакуваната цел.