Јанкуловска одново незапирлива – Славија Прага ќе игра мајсторка за титулата во Чешка!

Продолжува одлична форма на македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска во финишот на чешкиот шампионат.

Нејзиниот тим Славија Прага иако имаше „меч топка“ на домашен терен, сепак загуби од Хазена Кинжварт со 35-33.

Јанкуловска третпат по ред е најдобар стрелец во составот на Славија Прага и успеа да постигне седум гола во противничката мрежа.

Сега серијата во финалето на плеј-офот е израмнета на 1-1, па мајсторката во која ќе се додели титулата е закажана за 23 мај на теренот на Кинжварт.