Тимот на Славија Прага каде што игра македонската интернационалка Ангела Јанкуловска, славеше две победи по ред во регионалната МОЛ лига.
Славија Прага на домашен терен беше подобра со 25-20 од словачкиот тим Јувента Михаловце за кој oдлично бранеше Драгана Петковска.
Јанкуловска на овој натпревар успеа да постигне три погодоци, а исто толку пати стрелаше и во претходната победа над Пишек во триумфот со 35-30.
Славија Прага и македонскиот лев бек по 22 кола од регуларниот дел завршија на петтото место на табелата со 28 бодови.