Јанев: Среќен сум за ракометарките, заслужено одиме понатаму!

Женската младинска репрезентација на Македонија со победата над Ангола од 28:24 во последното коло од групната фаза обезбеди пласман во ТОП 16 на младинскиот Мундијал, кој се игра во Скопје.

Селекторот на Македонија, Дарко Јанев, ги сподели своите импресии по вечерашната победа.

,,Знаевме дека ова нема да биде лесен натпревар. Среќен сум за моите ракометарки, го постигнавме тоа што го договоривме  Најмногу се радувам затоа што ниту една од ракометарките не се пожали, ги издржаа сите пехови што ни се случија пред почетокот на СП и за време на СП. Ние патуваме во следната рунда, заслужено одиме понатаму”, изјави Јанев.

Македонија првиот натпревар од главната фаза ќе го одигра на 24 јуни против Португалија, потоа на 25 јуни силите ќе ги одмери со Црна Гора.

Стефаноска е МВП на мечот со Ангола

 

Македонија е во ТОП 16 во светот!