Тимот на Татабања со убедлива победа над составот на Будаи со 41-34 ја заврши сезоната во унгарскиот шампионат.
Со биланс од 20 победи и шест порази, Татабања, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески, го освои третото место зад гигантите Веспрем и ПИК Сегед, кои ќе играат во финалето на плеј-офот.
Талески беше стрелец на еден погодок на средбата со Будаи, а најмногу дадоа Терјек – осум и Григорас – седум, додека голманите Секељ и Андо комбинираа 15 одбрани.
Сега во фокусот на Татабања ќе бидат двете пресметки со Охрид од финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Првата е веќе в недела од 17:00 часот во Татабања, додека реваншот е во Охрид на 31 мај од 20:00 часот.

























