ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Битка за Европа во Куманово, Ѓорче Петров 2 заверува суперлигашки бараж

Денеска во центарот на вниманието ќе биде пресметката во Супер женската лига меѓу Куманово и Спартак за четвртото место кое води во Европа.

Ѓорче Петров е прв, Чаир втор, а Вардар трет, додека до крајот на првенството ќе биде решена уште дилемата околу последниот патник во Европа.

На три кола до крајот Куманово има 21 бод, додека Спартак има 18 бодови и ако слави ќе дојде на бод до домаќинките на оваа пресметка.

Во последните две кола, Куманово ќе игра дома со Чаир и на гости со Пелистер, додека Спартак е домаќин на Пелистер, а гостува кај Ѓорче Петров.

Од Супер женската лига денеска има уште две средби во Битола и во Скопје, додека се играат и две средби од Првата лига во Струга и во Прилеп.

Ако Ѓорче Петров 2 победи кај Стружанка, тогаш ќе го потврди второто место и пласманот во баражот за Супер лига, во кој ќе се соочи со Пелистер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

18:30 КУМАНОВО – СПАРТАК (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
19:00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
19:00 ЧАИР – АСТИБО (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
19:30 ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА)
19:30 СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА)