Машката репрезентација на Македонија загуби во второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка од селекцијата на Холандија со 37-32.
Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски, го коментираше поразот од Холандија и најави подобра игра на следниот натпревар.
,,Ова беше еден многу тежок натпревар за играње против една многу квалитетна репрезентација, го дадовме максимумот како на секој меч, но според мене, пресудно беше нивниот малку подобар индивидуален квалитет, но сепак, покажавме карактер и многу пати се вративме на натпреварот. Ние сме тим, во кој што сме млади и од првенство во првенство ќе покажуваме се повеќе, во овие два натпревари одигравме добро и можеше резултатот да биде во наша полза. Чувството да играш пред 3.000 фанови во Вараждин е одлично, им благодарам на сите навивачи, почувствував како да играм во СЦ „Борис Трајковски“, изјави Јагуриновски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Гвинеја на кој ќе треба да го завериме пласманот во главната рунда.