Ја заврши кариерата во Вардар, сега стана тренер на голмани во Ваљадолид

Некогашниот шпански голман Ињаки Малумбрес стана дел од стручниот штаб на Ваљадолид, каде играат двајцата македонски интернационалци – Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски.

Малумбрес имаше богата играчка кариера, која ја заврши во двократниот европски првак Вардар во 2013 година.

Претходно искусниот чувар на мрежата настапуваше само за шпански клубови – Галдар, Ваљадолид, Портланд Сан Антонио, Арате, Арагон и Адемар Леон.

Сега се враќа во клубот каде што бранеше од 1998 до 2002 година и ќе соработува со уште еден екс член на Вардар, тренерот Давид Писонеро.

По завршувањето на играчката кариера, Малумбрес, беше дел од тренерскиот штаб во младинските категории во Ваљадолид, а беше прв тренер на Ланцароте од 2021 до 2023 година.