Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски, од тренер во машки клубови, пред неполна година седна на клупата на А националниот тим на жените.
Грчевски потенцира дека успешно се носи со 30 ракометарки во селекцијата и дека ако размисли подобро работата со мажи носела поголем стрес.
„Мислев дека ќе биде малку потешко. Нели обично велиме дома со една не можеш да излезеш на крај, а не со 30, ама некако добро поминувам. (се смее) Девојките се прекрасни, нема глумење од типот не можам, не сакам, нема ѕвезда момент. Постои мала поделеност на постари и помали што е нормално, но поврзаност има. Нема девојче од помладите што нема поддршка од постарите, тука се и за совет, постои интересна хемија“, коментира Грчевски и продолжува: „Вака кога ќе размислам во Бутел ми беше постресно. Не здрава храна, се здебелив, ми побеле косата (се смее). Во репрезентација е собир по собир и полесно делува. Веќе и искуството си ги прави своето и учам како да не ми се некои работи стрес.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со селекторот Грчевски за 24Ракомет…
ИНТЕРВЈУ КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ: Дамите ми се предизвик, сакам да им се посветам!