ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ЛЕВ БЕК

Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Најдобар лев бек на сезоната:

Матија Николиќ (Вардар) – Српскиот репрезентативец е еден од најдобрите ракометари во „црвено-црниот“ дрес, на многу натпревари ги предводише колегите во нападот.

Христијан Милошески (Голден Арт) – Младиот ракометар во оваа сезона игра во далеку подобра форма, имаше забележителни партии во првиот дел од сезоната, но и во плеј-аут фазата.

Мартин Манасков (Тиквеш) – На натпреварите против поквалитетните тимови одработи на висина на задачата и секогаш беше на потребното ниво.

Теимураз Орјоникдзе (Охрид) – Грузискиот репрезентативец имаше добра игра и во нападот и во одбраната во составот на Стевче Алушовски.

Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Искуството од Бундес лигата го пренесе во дресот на битолскиот тим и беше играч кој правеше разлика против секого на домашна и европска сцена.

За најдобар лев бек на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)