Иваноски меѓу најефикасните, Дубочица се вмешува во борбата за плеј-оф

Тимот на Дубочица Лесковац, каде игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, се вмешува во борбата за плеј-оф во српскиот шампионат.

Дубочица во Лесковац славеше против Обилиќ со убедливи 36-21, откако и на полувремето водеше со плус седум, 19-12.

Иваноски одново беше меѓу најдобрите поединци на теренот во победничкиот тим и постигна шест гола од осум обиди.

Дубочица Лесковац сега има пет победи, едно реми и пет порази што е доволно за шестото место кое носи четвртфиналето на плеј-офот.

Следен предизвик за Иваноски и Дубочица ќе биде дуелот со Раднички Крагујевац.