Италија веќе не е сензација – ја „тресна“ и Србија!

|
20:04

Репрезентацијата на Италија на свој терен успеа да ја совлада Србија со 31:30 во рамки од 2. квалификациско коло за Европското првенство 2026.

Иако Србија беше голем фаворит, пред сѐ поради искуството, домаќините покажаа дека веќе не се сензација и дека можат да се надигруваат со посилни репрезентации.

За Италија, која освен со Србија, во квалификациите за ривали ги има уште репрезентациите на Шпанија и Летонија, денешните два освоени бода се од голема важност.

Италија во победата над Србија беше предводена од левиот бек Микел Хелмерсон, кој зад своето име запиша осум погодоци, а на спротивната страна прво име беше Урош Којадиновиќ со шест реализации.

Во претходното коло, ракометарите на Италија беа на прагот до сензација против Шпанија, но во клучните моменти „црвената фурија“ се снајде подобро.

УКРАИНА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 35-32
ЛЕТОНИЈА – ШПАНИЈА 29-38
ФИНСКА – УНГАРИЈА 23-32
ТУРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА 29-36
ГРУЗИЈА – ИСЛАНД 25-30
ШВАЈЦАРИЈА – АСВТРИЈА 29-29
БЕЛГИЈА – ЧЕШКА 15-31
СЛОВАЧКА – ЦРНА ГОРА 35-38
ЕСТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 28-29
ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 29-27
КОСОВО – ХОЛАНДИЈА 33-33
ИТАЛИЈА – СРБИЈА 31-30
РОМАНИЈА – ПОЛСКА 27-28
ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ 36-23
БИХ – ГРЦИЈА 23-22

Алекс Влах пред потпис со Келце

Автор: Влатко Мирчески
| 12 ноември 2024
17:45

Според информациите на „RTH Handball“, полскиот гигант Келце во своите редови го посакува репрезентативецот на Словенија, средниот бек Алекс Влах.

27-годишниот ракометар, кој  со одличните партии во Целје си обезбеди трансфер во Алборг во сезона 2023/24, се наоѓа пред потпис со тимот на Талант Душебаев.

Влах во Словенија, освен за Целје, настапуваше за Копер, додека на интернационално ниво беше дел и од најтрофејниот клуб од Хрватска – Загреб.

Словенечкиот репрезентативец минатата сезона во дресот на Алборг имаше импресивни партии во ЛШ, сезоната ја заврши со 59 гола, а со данскиот тим го освои второто место на Ф4 турнирот во Келн.

Освен Влах, во Келце од наредната сезона би требало да пристигне уште еден среден бек. Станува збор за членот на Гвардија Ополе, Пјотр Једрашчик.

Шампионот најде тренер – Шпанецот Алонсо на кормилото на Еурофарм Пелистер!

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
15:34

Шпанскиот стратег Раул Алонсо ќе биде нов предводник на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Тој потпиша договор до крајот на оваа и за следната сезона, па ќе остане во Битола најмалку до летото 2026 година.

45-годишниот Раул Алонсо голем дел од својата ракометна кариера како тренер ја мина во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил.

Со „зебрите“ стана двоен европски првак како асистент на Алфред Гисласон, а заедно освоија и серија на домашни трофеи од Бундеслигата, Купот и Супер Купот на Германија.

Потоа стана директор на академијата на Кил, а напоредно работеше и во Германската ракометна федерација. Самостојна кариера почна во Австрија, каде со успех го водеше Тирол. Во 2018 година ја прифати понудата на Маноло Каденас и се пресели во Мешков Брест како асистент тренер.

По само една сезона го презеде кормилото на белорускиот првак и не погреши. Во две сезони како прв тренер на екипата ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето на Лигата на шампионите. Во 2022 година Раул се врати во Германија и го водеше тимот на Ерланген.

Тој би требало да го има своето деби на клупата на Еурофарм Пелистер веќе на мечот со Прилеп в петок, додека во Лигата на шампионите ќе дебитира на дуелот со данската Фредериција.

Навивачите на Охрид се загреваат за дербито – „Рибари“ ќе прослават 35 години!

Автор: Влатко Мирчески
| 11 ноември 2024
19:30

По ЕХФ неделата, во која се играа квалификациски натпревари за Европското првенство 2026, овој викенд ќе продолжат натпреварите од домашниот шампионат.

Во рамки од 11. коло за првпат сезонава ќе се судрат екипите на Охрид и Алкалоид, кој во досегашниот тек од сезоната има максимален ефект.

Охриѓани на 10 натпревари остварија осум победи, а натпреварот со првопласираниот тим од Автокоманда за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво.

Се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имата голема поддршка од трибините, бидејќи навивачката група „Рибари“ ќе прослави 35 години од своето постоење.

Дерби дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“, со почеток од 18:30 часот.

Дејан Гошевски си замина од Метковиќ

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
15:11

Македонскиот интернационалец Дејан Гошевски од денеска не е повеќе член на хрватскиот тим Метковиќ.

Гошевски имаше одличен старт на сезоната на индивидуален план, но тимот не играше според очекувањата и врза неколку порази во серија.

Најпрво беше сменет тренерот Дамир Батиновиќ, а сега и неговиот заменик Жељко Аниќ исто така веќе е минато за Метковиќ.

Потоа сметката ја платија и интернационалците од Босна и Херцеговина, Дамир Кадриќ и од Македонија, Дејан Гошевски.

Тој во Македонија беше дел од Металург, Охрид, Тиквеш и Голден Арт пред летово да се пресели во Хрватска.

Девет селекции „имаат“ билет в џеб за сканди ЕП 2026

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
10:00

Минатите пет дена се одиграа 32 натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка, а девет селекции кои забележаа по две победи се практично со обезбеден билет за континенталниот собир.

Во групата 1, каде што игра и Македонија, Словенците се веќе на ЕП, иако настапија со изменет состав, но и натаму остануваат најголем фаворит за првото место. Во март нашите ракометари ќе се соочат со Словенија, и една победа во овој двомеч, може да ги доближи до пласман на второто место во групата, кое сигурно води на ЕП 2026, секако под услов да се победи дома Литванија и на гости Летонија.

Во групата 2, Црна Гора и Унгарија може да прават планови за ЕП, исто како и Исланд од групата 3. Двојни победи запишаа и Шпанија, Хрватска и Чешка, кои исто така го имаат „чекирано“ билетот за Скандинавија, а ист е случајот и со Германија и Португалија од групите 7 и 8.

Сосема е сигурно дека најдобрите третопласирани селекции (најдобрите четири третопласирани одат на ЕП) ќе се бараат во групата во која се Украина, Фарски Острови и Холандија, како и од онаа во која се Грција и Босна Херцеговина, односно Србија и Италија.

Европско првенство 2026, квалификации, резултати:

група 1
Македонија – Естонија 37-33
Словенија – Литванија 36-25
Естонија – Словенија 28-29
Литванија – Македонија 29-27

табела: 1. Словенија 4, 2. Македонија 2, 3. Литванија 2, 4. Естонија 0

група 2
Црна Гора – Финска 29-28
Унгарија – Словачка 37-32
Финска – Унгарија 23-32
Словачка – Црна Гора 35-38

табела: 1. Унгарија 4, 2. Црна Гора 4, 3. Словачка 0, 4. Финска 0

група 3
Грција – Грузија 27-26
Исланд – Босна и Херцеговина 32-26
Грузија – Исланд 25-30
Босна и Херцеговина – Грција 23-22

табела: 1. Исланд 4, 2. Грција 2, 3. Босна и Херцеговина 2, 4. Грузија 0

група 4
Србија – Летонија 38-25
Шпанија – Италија 31-30
Летонија – Шпанија 29-38
Италија – Србија 31-30

табела: 1. Шпанија 4, 2. Србија 2, 3. Италија 2, 4. Летонија 0

група 5
Чешка – Луксембург 23-17
Хрватска – Белгија 30-23
Луксембург – Хрватска 25-35
Белгија – Чешка 15-31

табела: 1. Чешка 4, 2. Хрватска 4, 3. Луксембург 0, 4. Белгија 0

група 6
Фарски Острови – Косово 32-21
Холандија – Украина 40-39
Украина – Фарски Острови 35-32
Косово – Холандија 33-33

табела: 1. Холандија 3, 2. Фарски Острови 2, 3. Украина 2, 4. Косово 1

група 7
Австрија – Турција 31-28
Германија – Швајцарија 35-26
Швајцарија – Австрија 29-29
Турција – Германија 29-36

табела: 1. Германија 4, 2. Австрија 3, 3. Швајцарија 1, 4. Турција 0

група 8
Полска – Израел 32-32
Португалија – Романија 37-30
Португалија – Израел 36-23
Романија – Полска 27-28

табела: 1. Португалија 4, 2. Полска 3, 3. Израел 1, 4. Романија 0

Следните квалификациски натпревари се програмата на 12/13 март, односно 15/16 март, додека последните две кола ќе се одиграат на 7/8 мај и 11 мај 2025 година.