Историска титула за Јапонија, Катарците слават трето злато по ред

Селекцијата на Јапонија во женска конкуренција ја освои првата титула во историјата на Азиските игри.

Јапонките во финалниот натпревар ги победија големите ривалки од Јужна Кореја неочекувано со десет гола разлика, 29-19.

На турнирот во машка конкуренција, селекцијата на Катар го прослави златото и титулата третпат по ред.

Во финалниот натпревар Катарците беа подобри од селекцијата на Бахреин и ја победија со 32-25.

Азиските игри требаше да бидат одржани минатата година, но беа одложени поради строгите мерки за коронавирусот во Кина.