Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди домаќините на турнирите за Олимписките квалификации кај дамите.
За шесте преостанати места за настап на Олимписките игри во Париз ќе се борат 12 репрезентации поделени во три групи.
Натпреварите од првата група ќе се играат во Унгарија, поточно во Дебрецин, додека домаќин на квалификациските натпревари од втората група ќе биде шпанскиот град Торевиеја.
Ракометната федерација на Германија ја доби домаќинската улога за натпреварите од групата 3, па така во градот Улм за настап на Олимписките игри, освен домашната репрезентација, ќе се борат уште Словенија, Парагвај и Црна Гора.
На Олимписките игри обезбедија место домаќинот Франција, како и Данска, Норвешка, Јужна Кореја, Ангола и Бразил.
Квалификации за ОИ, жени:
група 1: Шведска, Јапонија, Камерун, Унгарија
група 2: Холандија, Аргентина, Чешка, Шпанија
група 3: Германија, Црна Гора, Словенија, Парагвај