ИХФ бара домаќини на осум младински првенства до 2029 година

Светската ракометна федерација објави дека се бараат домаќини на кадетски и младински првенства до 2029 година.

ИХФ ги охрабри сите федерации да ги испратат своите писма со намери за да бидат домаќини на шампионатите во машка и женска конкуренција.

Македонија била домаќин на многу вакви шампионати во минатото, а веројатно РФМ ќе аплицира за некои од овие големи настани до 23 мај.

Оваа година, Полска е домаќин на Мундијалот за младинци, додека кадетското СП на кое првично домаќин требаше да биде Словенија ќе се игра во Египет.

Распоред на СП (кадети, кадетки, младинци, младинки) 2026-2029:

2026 СП младинки (24 јуни – 5 јули)
2026 СП кадетки (29 јули – 9 август)
2027 СП младинци (23 јуни – 4 јули)
2027 СП кадети (29 јули – 9 август
2028 СП младинки (14 јуни – 25 јуни)
2028 СП кадетки (9 август – 20 август)
2029 СП младинци (20 јуни – 1 јули)
2029 СП кадети (25 јули – 5 август)