Екс ракометарот на Металург, Абдуала Мане, кој во редовите на тимот од Автокоманда играше само неколку месеци во сезоната 2021/22, во вториот дел од тековната сезона ќе настапува во Белгија.
Мане официјално беше промовиран во дресот на Ахилес Бохолт, еден од најтрофејните белгиски клубови.
Левиот бек кој покрај францускиот, има и пасош од Сенегал, откако замина од поранешниот шампион на Македонија направи камбек во Безансон, а потоа се пресели во Романија.
Мане во својата кариера го носеше дресот и на Мулуз, Белфор и Дижон. Минатата сезона настапуваше за романскиот Бузау.