ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Струга, Вардар, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Пролет, како и двајца од Бутел Скопје.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 7. коло, резултати:

СТРУГА – РАДОВИШ 30-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 25-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 23-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ВАРДАР 27-36 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ – АЛКАЛОИД 22-40 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 28-25 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 7.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Ненад Костоски - лево крило - Струга
44.05%
Александар Стојаноски - голман - Бутел Скопје
15.98%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
14.96%
Филип Кузмановски - лев бек - Еурофарм Пелистер
12.85%
Мице Шилегов - десно крило - Пролет
8.09%
Ларс Коиј - пивот - Вардар
3.33%
Марко Митев - среден бек - Алкалоид
0.75%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Александар Стојаноски (Бутел Скопје) – Искусниот чувар на мрежата имаше одлична партија во Кавадарци.

Лево крило: Ненад Костоски (Струга) – Стружанецот постигна седум погодоци во триумфот над Радовиш.

Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец како и на минатиот меч со Куманово и против Охрид даде десет гола.

Среден бек: Марко Митев (Алкалоид) – Средниот бек беше најдобар кај „сино-белите“ од Автокоманда на гостувањето во Велес.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот се врати во составот на Бутел по кратка пауза и веднаш беше најдобар стрелец.

Десно крило: Мице Шилегов (Пролет) – Десното крило постигна пет погодоци на натпреварот против Куманово.

Пивот: Ларс Коиј (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Прилеп.