Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 22 коло од суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Бутел Скопје, како и по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Радовиш и „сино-белите“ од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 22. коло, резултати:
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 23-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – СТРУГА 40-26 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ОХРИД 29-26 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – КУМАНОВО 28-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – БОРЕЦ ФЛ 29-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 22. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Александар Стојаноски (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите на теренот со 17 интервенции.
Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец имаше пет гола на дуелот со Прилеп.
Лев бек: Игор Чиселиов (Радовиш) – Новото засилување на радовишани уште на првиот меч покажа дека ќе биде голем адут во битката за опстанок.
Среден бек: Мартин Ивановски (Алкалоид) – Охриѓанецот беше меѓу најдобрите во триумфот против својот поранешен клуб.
Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот даде девет гола во градскиот двобој против Пролет.
Десно крило: Јован Даневски (Тиквеш) – Младинскиот репрезентативец погодуваше кога беше најпотребно против велешани.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите во триумфот над Струга.