Традицијата која што трае 14 години, со организацијата на кампот за ракометни голмани во хрватскиот град Омиш, продолжи и ова лето.
Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески, кој е дел од шампионот Еурофарм Пелистер, е дел од одбраното друштво.
Соколески вторпат во низа е во тренерскиот штаб на кампот заедно со Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.
Тренерот на голмани во Еурофарм Пелистер овие неколку дена ќе им ги пренесува голманските „тајни“ на многуте млади голмани од целиот свет.
Меѓу демонстраторите на кампот во Омиш се голманите на најсилните европски екипи – Марин Шего, Виктор Халгримсон, Маиса Песоа, новиот пелистерец Филип Ивиќ…