Хрватите тврдат: Имало кавга меѓу Циндриќ и Сигурдсон – селекторот демантира!

Хрватска запиша убедлив пораз од Египет во последното коло од групната фаза на Мундијалот и пренесе само два бода во главната рунда.

Покрај капитенот Домагој Дувњак, на овој натпревар не играше ниту Лука Циндриќ, туку неговата замена Игор Карачиќ.

Хрватските медиуми пишуваа дека Циндриќ има повреда на квадрицепсот, но потоа се појавија информации дека меѓу него и селекторот имало кавга, па дека повредата не е единствената причина за неговото неиграње.

Сепак по мечот со Египет, селекторот Дагур Сигурдсон, демантираше такво нешто.

„Не сум доктор, но тешко дека Циндриќ ќе се врати до крајот на СП. Ситуацијата е сложена, иако тој ќе направи се за да се врати. Ќе го чекаме. Што се однесува до наводната кавга, тоа не е вистина. Имаме добар однос“, изјави Сигурдсон.

Хрватска ќе игра против Словенија, Исланд и со победникот од дуелот меѓу Зеленортските Острови и Куба во главната рунда на Мундијалот.