Хрватскиот Ракометен Сојуз во соработка со „Спортске Новости“ ги прогласија најдобрите во ракометот за 2024 година.
Свеченоста се одржа на полувремето од натпреварот меѓу Македонија и Хрватска што се одигра во Вараждин.
За најдобар ракометар беше избран Доминик Кузмановиќ од Гумерсбах, додека најдобра ракометарка за 2024 е Катарина Јежиќ од Дунареа Браила.
Најдобар хрватски стратег за минатата година е прогласен Андрија Николиќ, додека најдобар судиски пар се Јуриновиќ и Мрвица.
Посебно признание ХРС и додели на машката репрезентација во ракомет на плажа.