Finals - France vs Denmark, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 29.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Хансен: Размислував за пензионирање, но сега уживам секој ден на теренот

Еден од најдобрите ракометари на светот, левиот бек Микел Хансен, за неколку месеци го очекува нов предизвик, настапот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Искусниот ракометар, кој скоро цела мината сезона остана надвор од ракометните терени, во интервју за данската телевизија „Спорт ТВ2“ изјави дека размислувал да се пензионира.

За потсетување, членот на Алборг на стартот на пролетниот дел од минатата сезона „зема“ одмор и пауза од ракометот поради стресниот период низ кој минуваше.

,,За време на паузата повеќе се размислуваше за тоа дали можам да играм ракомет или не. Имав размислувања за повлекување од терените, за пензионирање…Кога поминувате низ вакво нешто, почнувате да размислувате за многу работи, нешто преценувате и се прашувате дали воопшто вреди да продолжите да се занимавате со овој спорт. Можам да кажам дека потрошив многу време на тие размислувања, но понекогаш не ни помислував на ракометот. Сега се чувствувам многу добро. Мислам дека работите полека се движат во посакуваната насока. Мојата игра постепено се подобрува и уживам секој ден на теренот. Фантастично е да се остане дел од Алборг и данската репрезентација “, изјави Хансен.

36-годишниот ракометар на шест одиграни натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона постигна дури 36 погодоци.

Репрезентацијата на Данска на континенталниот собир во јануари е во група со Португалија, Чешка и Грција.