Хансен и Карабатиќ ќе го популаризираат ракометот во САД

Организацијата „Pro Handball USA“ објави за програмата „САД заслужува ракомет“, која има важна цел пред ОИ во Лос Анџелес.

Нејзини амбасадори се Никола Карабатиќ, Микел Хансен, Стине Офтедал и Естевана Полман, а главната цел ќе биде формирање на професионална лига во САД до 2028 година.

Организаторите во следниот период планираат турнири со учество на најдобрите европски екипи по примерот на фудбалот.

Во 2026 година на машки турнир во САД би требало да играат ПСЖ, Кил, Барселона и Алборг, а тој би можел да се игра во Лас Вегас, додека слично издание се планира и во женска конкуренција.

САД и Лос Анџелес ќе бидат домаќини на ОИ 2028, па таму посакуваат да имаат што подобри ракометни репрезентации.