Тимот на Младост Богданци пред стартот на плеј-офот во прволигашката конкуренција, донесе уште еден нов ракометар.
Станува збор за 34-годишниот плејмејкер Уча Гамзардија, кој ќе остане во Богданци најмалку до крајот на сезоната.
Гамзардија доаѓа од составот на Куманово, а во Македонија има настапувано уште и за тимот на Прилеп.
Претходно богданчани го донесоа и кружниот напаѓач Борјан Цековски, а се разделија со Благој Христовски.
Младост Богданци веќе е во плеј-офот за Супер лигата, а во преостанатите пет кола од регуларниот дел ќе се обиде да освои што повеќе бодови.