Грузиецот Орјоникидзе ја продолжи соработката со амбициозниот Охрид

Репрезентативецот на Грузија, Теимураз Орјоникидзе, ја продолжи соработката со Охрид и во македонскиот суперлигаш ќе остане уште најмалку една сезона.

Орјоникидзе во редовите на „гладијаторите“ пристигна минатото лето и се покажа како вистинско засилување во тимот на Стевче Алушовски.

Левиот бек е еден од најдобрите стрелци во Охрид и заедно со неговиот тим се борат за висок пласман во плеј-оф фазата и излез на европска сцена.

Охрид претходно ги продолжи договорите со Даниел Ѓорѓески, Крсте Андоновски, Гал Цирар, Владимир Бојаниќ, Иван Тасески и Милорад Кукоски.

За следната сезона Охрид го ангажира голманот Градимир Чаневски, кој моментално настапува во Израел, поточно во екипата на Макаби Ришон Ле Зион.