Грујевски со 12 гола го водеше Скопје до триумф, Еурофарм Пелистер 2 рутински во Свети Николе

Тимот на Скопје победнички ја започна сезоната во Првата лига, откако на свој терен славеше над Вардар Неготино со 30:28 (14:12) во натпревар од 2. коло.

Во тимот на Оливер Димитриоски одличен натпревар одигра Александар Грујевски, кој во мрежата на гостите постигна 11 погодоци. Кај поразените прво име беше Мирослав Митевски со 12 погодоци.

Довчерашниот суперлигаш, а сега најголем фаворит за камбек во елитата – Еурофарм Пелистер 2 на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле славеше убедлив триумф од 43:23.

Иако домаќините на почетокот парираа, во еден момент водеа и со плус три, 5:2, гостите од Битола полека влегуваа во посакуваниот ритам и задачата ја завршија уште во првото полувреме.

Битолчани на пауза имаа предност од 22:13, a второто полувреме беше повеќе формалност и шанса за останатите ракометари од клупата на двете екипи.

Најефикасен во победничкиот табор беше младинскиот репрезентативец Мирче Калајџиевски со 12 погодоци, по осум постигнаа Стефа Дрогршки и Мартин Ивановски.

Листата на стрелци во таборот на Овче Поле беше предводена од Димитар Минов и Иван Димчевски, двајцата ракометари постигнаа по шест погодоци.