Од утре до недела Скопје и салата „Автокоманда“ ќе бидат домаќини на квалификацискиот турнир во кадетска конкуренција за пласман на ЕП.
Покрај нашите ракометари, за двата билети за кадетското ЕП во Црна Гора, ќе се борат и Швајцарија, Словачка и Косово.
Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за овие шест меча што ќе се играат во „Автокоманда“.
Тоа се грчките арбитри Фотакидис и Кинацидис, како и холандските судии Кломперс и Стобе, додека делегати ќе бидат Турчинот Сивиркаја и Романецот Барбу.
Сите три натпревари, Македонија ги игра во терминот од 15:00 часот.