Денеска започна вториот дел од Лигата на Европа, односно главната фаза во второто по ранг европско натпреварување.
Сензација уште во првото коло направи полскиот Горњик Забже, на свој терен го совлада бундеслигашот Рајн Некар со 29:26.
Украинскиот репрезентативец Дмитриј Артеменко блескаше против „лавовите“, постигна осум погодоци, шест додаде неговиот сонародник Тарас Миноцки.
Тимот на Кадетен Шафхаузен пред својата публика ја надигра ослабената Војводина, откако триумфираше со три гола разлика, 27:24.
Еден од предводниците во победничката екипа беше некогашниот член на Вардар, Жоан Каљелс, кој постигна пет погодоци, но и подели неколку асистенции кон своите колеги.
Во тимот на Војводина листата на стрелци беше предводена од Петар Ѓорѓиќ и Милан Голубовиќ, кои постигнаа по четири погодоци.
Констанца пружи силен отпор против актуелниот бранител на титулата, Фуксе Берлин, но остана со празни раце.
Германскиот тим предводен од Џери Толбринг и од голманот Дејан Милосављев дојде до победа од 32:29.
На победа се радуваше и Фленсбург, кој го торпедира Силкеборг, како и екипите на Нант, Скјерн, Нексе и Спортинг Лисабон.
Лига на Европа, главна фаза, 1. коло:
Група А
Хановер – Нант 29:32 (15:14)
Горњик Забже – Рајн Некар 29:26 (12:14)
Група Б
Скјерн – Горење 45:31 (22:16)
Нексе – Савехоф 29:28 (16:13)
Група Ц
Кадетен – Војводина 27:24 (15:13)
Фленсбург – Силкеборг 38:28 (21:11)
Група Д
Констанца – Фуксе Берлин 29:32 (15:14)
Спортинг – Динамо Букурешт 35:33 (17:18)