Досегашниот капитен на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска, која во оваа сезона игра во Полска, се наоѓа во добра форма.
Енерга Калиш и Елена Ѓорѓиевска во натпревар од 4. коло од најквалитетното натпреварување на Полска за ривал го имаа Гњезно и загубија убедливо со 36:24.
Ѓорѓиевска беше единствена светла точка во поразениот табор и во мрежата на гостинките имаше седум успешни реализации, а подели и неколку асистенции кон своите колешки.
По четири одиграни натпревари, тимот на Енерга Калиш се уште нема освоено бодови во полскиот шампионат.