Тимот на Калиш, каде што игра македонската интернационалка Елена Ѓорѓиевска, загуби во последниот натпревар за оваа година.
Во дуелот од 9 коло во полскиот шампионат, Калиш беше поразен на домашен терен од составот на Рух Хорзов.
Ѓорѓиевска, која на ЕП се прости од националниот дрес, беше меѓу најдобрите во домашниот тим и даде четири гола од шест обиди.
Калиш и десниот бек следниот предизвик ќе го имаат на 4 јануари на домашен терен против лидерот Заглебје Лубин.