Ѓорѓиевска и Гакидова со Коњалти по вторпат го преслушаа Кастамону

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Елена Ѓорѓиевска и Ивана Гакидова, по вторпат го совлада поранешниот учесник во ЛШ, тимот на Кастамону.

Коњалти во дерби дуелот од 21 коло од турскиот шампионат славеше со 40:38 и пред стартот на плеј-оф фазата си ја обезбеди првата позиција на табелата.

Двете интернационалки беа меѓу најзаслужните за обезбедената 19-та победа во тековната сезона.

Ѓорѓиевска натпреварот го заврши со пет постигнати погодоци и неколку асистенции, додека кружниот напаѓач Гакидова зад своето име имаше четири погодоци.

Во последното коло од регуларниот дел Коњалти на свој терен ќе се соочи со тимот на Измир.