Тимот на Чаир ја забележа шестата победа во плеј-офот од Женската лига и остана на второто место зад шампионот Ѓорче Петров.
Избраничките на Басри Љатифи одработија рутински против штипски Астибо и победија со 32-27.
Најдобра во домашниот табор беше Стефанија Ѓорѓиевска со 12 погодоци, додека кај штипјанки стандардно Марија Анчева беше двоцифрена и постигна 15 гола.
Победникот беше решен во првите петнаесетина минути, кога по 2-2, домаќинките направија серија од седум гола за 9-2 и веќе беше јасно каков тек ќе има натпреварот.
На паузата Чаир водеше со 19-10, а вториот дел во кој сите ракометарки добија шанса, беше само формалност.
Во следното коло, Астибо му гостува на Вардар, додека Чаир оди на дерби кај Металург Автокоманда.