Актуелниот шампион Ѓорче Петров во натпревар од 8. коло од женскиот плеј-оф пред својата публика славе над Вардар со 29:21.
Ѓорчепетровки на максималниот ефект и со новата победа се зацврстија на првата позиција на табелата.
Домаќинките тргнаа фуриозно на натпреварот со „црвено-црните“, поведоа со 12:3, но Вардар успеа да ја преполови негативата, па така на пауза резултатот гласеше 15:9 во корист за домашниот табор.
Избраничките на Симовски ја задржаа стекнатата предност во вториот дел, на моменти се опуштаа, но не дозволија ривалот да дојде до помала негатива.
Најефикасни во победничката екипа беа Ана Вранчиќ и Ивана Дежиќ со по шест погодоци, а кај Вардар први стрелци беа Марија Голабоска и Леона Миленковска, двете ракометарки имаа по четири реализации.