Амбициозниот тим на Охрид го договори третото засилување пред стартот на плеј-офот во Супер лигата. Станува збор за хрватскиот интернационалец Никола Јукиќ, кој доаѓа oд Саудиска Арабија.
Јукиќ е 30-годишен хрватски десен бек, кој потекнува од тимот на Каштела Сплит и од 2016 година е интернационалец.
Најпрво патот го однесе во Франција, каде пет сезони настапуваше за Понто Комбо и Шарт, се до 2021 година кога се пресели во бундеслигашот Минден, каде што имаше одлични партии.
По една сезона откако Минден испадна во Втората Бундес лига, Јукиќ се пресели во грчкиот АЕК Атина, а минатата полусезона беше член на А Мудар од Саудиска Арабија каде соработуваше со Зоран Кастратовиќ и Кристијан Грчевски.
Во Охрид ќе формира трио со босанскиот интернационалец Деан Шешиќ и младиот Никола Шипинкоски, а стратегот Стечве Алушовски ќе има опција плус во бековската линија.
Охриѓани ќе стартуваат со два бода во суперлигашкото разигрување за титулата, а претходно ги донесоа средниот бек Хироки Мацуока и пивотот Адмир Пелидија.