Голден Арт освои бод, ама Пролет веројатно ќе игра во плејофот

Од минус седум па до водство, и шанса за победа, и на крај само реми, 24-24 на дуелот Пролет – Голден Арт. За Пролет овој бод значи и речиси сигурно играње во плејофт, а Голден Арт ќе мора да се надева на чуди во последните две кола за да може да стигне до четвртото место.

Пролет сега има 19 бода и останува на четвртото место на табелата, а Голден Арт има 14. До крајот на групната фаза Пролет игра со Еурофарм Пелистер и со Бутел, а Голден Арт е домаќин на Прилеп и му гостува на Вардар. За да стигне Голден Арт до плејофото му требаат две победи, и плус Бутел да го победи Пролет во последното коло.

ошото отворање на мечот имаа гостите, период што домашните го искористија максимално и во 11 минута Пролет веќе водеше со 8-1, највисоко во првиот дел од средбата. Лесно постигнуваа голови домашните, пробиваа низ одбраната на „градежниците“, во одбрана беа „збиени сите редови“ и немаше кој од тимот на Голден Арт да шутне и да ја разбие одбраната на домаќините.

Рано мораше да бара минута одмор Филип Глигоров тренерот на Голден Арт кога неговиот им имаше негатива од 1-5, но и после советите продолжи да се зголемува разликата во корист на Пролет. Се бараше најдобрата седморка во игра што ќе може да парира и да дава голови. Во тој период голманот на домаќините Данило Михаљевиќ имаше пет од вкупно седум одбрани во првото полувреме.

Првата одбрана гостинскиот голман Златко даскаловски ја имаше во 12 минута, а неговите соиграчи првиот гол од игра го дадоа во претходнат аакција кога Христијан Милошески погоди. Претходно во 4 минута Голден Арт првпат ја затрсе мрежата на противникот, но од пенал.

Како одминуваше мечот, така Голден Арт „се будеше од сонот“ и ја намалуваше предност. Пролет имаше период од девет минути без постигнат гол (од 17 до 26 минута) кога Голден Арт двојно ја намали предност, сега на „минус 3“ за водство на Пролет од 9-6. Таа предност од само три гола за Пролет остана до самиот крај на првото полувреме, когаХристијан Милошески намали на 12-9.

За разлика од првото полувреме, во второто гостите не дозволија да бидат „фатени на спиење“. Голден Арт за шест минути го израмни резултатот на 13-13, враќајќи се во игра за освојување на бодови. Трите одбрани на Даскаловски беа добредојдени за Голден Арт за помош на нападот. Сега веќе се играше „гол за гол“ и секоја грешка можеше да биде скапо платена.

Во 44 минута Голден Арт ја имаше и првата шанса да поведе на мечот, но нововлезениот Андреј Петковски со втората одбрана тоа го оневозможи. И пак можеа „бело-црните“ да поведат, ама задоцнија да направат пасивна напад поради пасивна игра.

Она што го посакуваше Голден Арт, да има водство се случи дури во 53 минута кога Христијан Милошески од контра му донесе 22-21 на својот тим, но Ласко Андоновски брзо врати на спротивната страна. Голден Арт бркаше победа, но и разлика од повеќе од два гола во случај да имаат ист број бодови со Пролет. Првиот нивен меѓусебен дуел заврши со триумф на Пролет од 25-23.

На 3,5 минути до крај резултатот е 22-22, а Ацо Јовиќ со тајмауат тргна кон победа. Ласко Андоновски пак успеа да погоди за водство 23-22, а Давид Даев брзо возврати. Малку време за двете екипи, а секој напад и секоја топка особено важни.

Драмата продлжи откако Василевски погоди, а Миланов ја погоди стативатаи топката заврши кај голманот Михаљевиќ. Потоа Пролет не реализираше напад, па остана последниот да го има Голден Арт. Даев беше фаулиран на линијата од шест метри, по што Василевски го доби третото исклучување, а гостите шанса барем да освојат бод.

Во последната минута Пролет можеше да победи, ама на крај драмата заврши со украдена топка од Пролет, па техничка грешка на одбраната, и Давид Даев даде гол за реми, 24-24, но немаше радост на клупата на гостите.

Кај домашните најефикасен беше Лaско Андоновски со 9 гола, а по четири дадоа Александар Василевски, Давор Палевски и Филип Арсеновски. Во гостинскиот тим по шест гола дадоа Петар Стојановски и Христијан Милошески.