Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, ќе има нов предизвик во кариерата од лето.
Левиот бек од Куба, кој доби холандски пасош, ќе биде дел од португалскиот тим Бенфика, пишува „Handball Basse“.
Табоада во Битола помина една сезона, а потоа замина во данскиот тим Фредериција, со кој сезонава играше и во Лигата на шампионите.
Претходно има настапувано за португалската Аванка две сезони, па уште три во францускиот Данкерк пред да дојде во Македонија.